Нови 83 мигранти во Македонија

Полицајци од Полициската станица за граничен надзор и гранична контрола „Богородица“утрово во 8:10 часот во близина на село Смоквица спречиле криумчарење мигранти во товарно моторно возило влекач со гевгелиски регистарски ознаки сопственост на фирма, а управувано од возач Р.Р. од Гевгелија, соопшти МВР. 
Мигрантите се пронајдени во товарниот простор на возилото, а од пронајдените 83 илегални мигранти 11 се малолетни лица. Меѓу 72-та полнолетни мигранти четворица се од Ирак, еден од Индија, еден од Авганистан и 66 од Пакистан. Десет од малолетните лица се од Пакистан и едно од Авганистан.
Возачот е обезбеден за понатамошна постапка, а мигрантите во моментов се ноаѓаат во Прифатниот Центар во Гевгелија, соопшти МВР.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.