Ново истражување покажа дека вегетаријанците се понесреќни од оние кои јадат месо

Истражувањето спроведено на 400 лица покажа дека луѓето кои јадат месо се многу посреќни и позадоволни од вегетаријанците, пренесува Дејли Меил.
Оние кои го исфрлиле месото од исхраната се повеќе негативни, имаат ниска самодоверба и не гледаат смисла во животот, покажа студијата објавена во Ecology of Food and Nutrition. Во неа учествувале и вегетаријанци, полувегетаријанци и луѓе кои редовно јадат месо.
“Понекогаш намерно, а понекогаш и ненамерно вегетаријанците можат да бидат исклучени од друштвените настани или можат да се чувствуваат чудно и различно само поради тоа што се вегетаријанци. Такви работи им се случуваат на припадниците во малцинските групи во општеството. Со текот на времето може да се одрази на здравјето на човекот.

Сметаме дека оваа студија е важа, бидејќи за прв пат е покажано дека дефинирањето на нечија карактеристика како вегетаријанец има влијание на квалитетот на секојдневниот живот на таа личност”, вели докторот Џон Брус Незлек.
Самодовербата на испитаниците е проценета според речениците: “Денес се чувствувам како тотален неуспех”, односно “Денес сметам дека имаме многу добри квалитети”.
Вегетаријанците оствариле резултат од 4.62 за самодоверба, а оние кои јадат месо 5.33. Се покажа дека вегетаријанците имаат поголеми шанси да бидат депресивни и незадоволни со животот. На прашањето дали сметаат дека водат исполнет и смислен живот, се покажа дека вегетаријанците општо сметаат дека нивниот живот нема смисла за разлика од останатите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.