Нов земјотрес во Хрватска – Петриња повторно се стресе, еве ги деталите

Малку пред 14 часот денеска, земјотрес со јачина од 3,1 степен според Рихтер, повторно е регистриран во близина на Петриња во Хрватска.
Сеизмолошката служба јави дека епицентарот бил кај Петриња и дека интензитетот во епицентарот бил од IV степен од ЕМС скалата.
Денеска, во 13.44 часот, сеизмографите на Сеизмолошката служба на Хрватска забележаа умерен потрес со епицентар кај Петриња. Магнитудата на потресот изнесуваше 3,1 степен според Рихтер, а интензитетот во епицентарот изнесува IV степени на ЕМС скалата, стои во објавата на Сеизмолошката служба.
По земјотресот што го погоди овој хрватски град, лани два дена пред Нова година, кога загина едно девојче, а имаше и бројни оштетувања на објектите, тлото не престана да се тресе, па постојано има земјотреси кои достигнуваат јачинa и на 4 степени според Рихтер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.