НОВ НАЈБОГАТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ: Кој ги симна Безос и Маск од врвот?

Оваа недела првото место на Форбс листата на најбогати луѓе во светот го зазеде Бернар Арно, француски бизнисмен кој е сопственик на корпорацијата Луј Витон Мот Хенеси. Неговото богатство, од вчера, се проценува на 186,3 милијарди долари.
Со оваа вртоглава бројка од нето вредност, Арно е 300 милиони долари побогат од Џеф Безос, сопственикот на Амазон, а следен на списокот е Илон Маск, кој „вреди“ 147,3 милијарди долари.
Богатството на Арно скокна од 76 милијарди долари во март 2020 година на 186,3 американски долари вчера, огромно зголемување, од над 110 милијарди долари во последните 14 месеци, благодарение на пандемијата која пркосеше на перформансите на неговата луксузна групација LVMH (Луј Витон Мот Хенеси), која поседува и луксузни модни брендови како Фенди, Кристијан Диор и Живанши.
Со текот на годините, на самиот врв на списокот на милијардери на Форбс доминираа Американците. Местото број еден го заземаа Безос, Маск, Гејтс и Бафет скоро две децении, додека само Мексиканецот Карлос Слим ја попречуваше нивната доминација.
Арно дебитираше меѓу првите 10 најбогати луѓе на листата на Форбс во средината на 2005 година со богатство од 13 милијарди долари. Арно е во првите пет од 2018 година, а минатата година беше 11-ти.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.