Нов случај на групно силување во Индија

Шест мажи се приведени во новото групно силување на една жена во автобус во северна Индија, неполн месец и половина од силувањето на 23-годишната студентката која од здобиените повреди почина и предизвика бурни реакции и протести низ целата земја, повторно државата ја потресе ваков тип на злочин.
“ Шест личности се приведени под сомневање дека силувале една 29-годишна жена. Тиа на сила ја однеле на некое непознато место, ноќта на 11 јануари.” – изјавил неименуван претставник на полицијата и додаде дека се бара и седмиот осомничен.
“Жената во петокот се качила во автобусот и тргнала да го посети семејството во индиската држава Пуњаб на северот од земјата. Притоа таа била киднапирана и пренесена со мотор во една куќа во градот Амритсар. Откако била киднапирана, жртвата брутално ја силувале седум мажи, во текот на целата ноќ.Потоа жената била оставена на улица блиску до селото на нејзиното семејство, на кои таа успеала некако да им раскаже што се случило”  – додаде полицискиот службеник.
 

Пронајдете не на следниве мрежи: