Што треба да направите за да имате млеко за доење

За да имате доволна количина млеко многу е важно да останете хидрирани, бидејќи доењето ве ожеднува. Иако најдобро е да пиете вода, со текот на времето ќе ви здосади па може да пиете и нешто друго покрај водата.
Од клиниката Мајо препорачуваат додека доите да пиете повеќе вода од вообичаеното. Во просек, секоја личност би требало да испие 8 чаши вода дневно, а со оглед на тоа што додека доите телото преработува повеќе вода, пијте 13 чаши вода, односно 3,1 литар дневно.
Водата со вкусови е одлична замена за обичната вода. Ќе ја ублажи желбата за благи сокови.
Наполнете бокал со вода, додадете го омиленото овошје, ставете коцки мраз и оставете да отстои преку ноќ. Краставица и диња, јагоди и лубеница, малина и лимон, аронија и јагоди, можностите се бескрајни.

Растителните чаеви исто така можат да бидат вкусни за доилките. Освен тоа се многу здрави. Но, мора да знаете кои чаеви да ги пиете, бидејќи не сите билки се добри за бебињата и доилките.
Бадемовото млеко е добра замена за кравјото млеко, содржи магнезиум, селен, манган и витамин Е. Може да го направите и сами, од бадеми и вода со помош на блендер.
Со овошни сокови не треба да претерувате, но една чаша сок на ден може да биде добар додаток на исхраната. Одбегнувајте дополнителни шеќери, како и сокови од цитрусно овошје.
Добра замена за водата се и соковите од зеленчук кои е најдобро сами да ги подготвувате.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.