Ноктите од стапалата откриваат какво е вашето здравје: еве што значи нивната боја

Ако сте забележале дека ноктите од вашите нозе започнале да ја менуваат бојата, доколку се многу бледи и сини, ако пожолтеле или почнале да поцрнуваат, тогаш најдобро би било да не чекате и да посетите лекар.
БЛЕДИ НОКТИ. Исто како и на прстите од рацете, така и ноктите од прстите на стапалата можат многу да откријат за вашето здравје. Доколку тие се бледи, тоа значи дека имате слаба циркулација или сте анемични.
Бледите нокти се вообичаени за повозрасните лица, бидејќи тие се знак за стареење, па луѓето постари од 60 години, ова не би требало премногу да ги загрижува. Меѓутоа, таквите нокти понекогаш може да укажуваат и на проблем со циркулацијата, како и можност за анемија.
„Тие исто така, би можеле да бидат бледи кога има пореметување во функцијата на црниот дроб или пак, кога срцето не работи како што треба. Може да се случи и од лоша исхрана.
Доколку ноктите главно се бели со тенка розеникава лента на врвот, тоа би можело да укажува на состојба наречена „Териерови нокти“, објасни Дина Гохил, докторка од Велика Британија.
ЖОЛТИ НОКТИ. Би можеле да укажуваат на габички на ноктите, дијабетес, псоријаза или пореметување со штитната жлезда. Понекогаш ноктите на нозете пожолтуваат поради храната која ја јадеме или некои надворешни влијанија.


Меѓутоа, лекарката напоменува дека ако таквата состојба се влоши, тоа би можело да биде знак за габична инфекција на ноктите, дијабетес, псоријаза или дури и пореметување на штитната жлезда.
„Доколку не се лекува оваа состојба, состојбата со ноктите може да прогредира и тие да почнат да се pаcпаѓаат. Имајте на ум дека, доколку ноктите останат жолти, тоа е знак за нешто посериозно, како што е pак на кожа“, додека д-р Дина.
СИНКАСТИ НОКТИ. Укажуваат на недостиг на кислород. Ноктите може да изгледаат синкасто од повеќе причини, а таа боја всушност доаѓа од под ноктите, а самите нокти си имаат нормална боја.
„Ноктот не содржи никакво пигмент, што значи дека е синкастиот изглед е причинет од нешто друго. Таквите нокти честопати се показател за недостиг на кислород, а состојбата се нарекува цијаноза.
Станува збор за недостиг на еритроцити, па поради тоа кожата под ноктите и на некои други делови од телото (стапала, усни и слузокожа) изгледа сино или виолетово“, овјасни д-р Дина.
Постојат и други причини, како: изложеност на високи температури, абнормално високи вредности на хемоглобинот, воспаление на бели дробови (неможност да се достави кислород).
БЕЛИ ДАМКИ НА НОКТИТЕ. Укажуваат на недостиг на цинк или габична инфекција. Ваквите промени на ноктите честопати се безопасни и потребно е да помине време, ноктот да порасне, а потоа да го отcечете.
ЦРНИ НОКТИ. Може да укажуваат на анемија, дијабетес, болест на бубрезите или болест на срцето. „Црните нокти може да биде поврзани и со некоја тpаyма, кога доаѓа до ош-тување на капиларите под ноктот.
Ова обично поминува само по себе, но ноктот изледа како да поцрнел. Меѓутоа, ако не поминува, тогаш најдобро е да посетите лекар“, советува д-р Дина и додава дека најтеш-киот тип на pак на кожа, меланомот, може да се манифестира како темна дамка под ноктот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.