НОРВЕШКАТА ПРЕМИЕРКА СОЛБЕРГ ПОД ИСТРАГА ЗАШТО ГИ ПРЕКРШИЛА КОВИД МЕРКИТЕ СО СЕМЕЈНАТА ПРОСЛАВА НА СВОЈОТ РОДЕНДЕН

Норвешката премиерка Елза Солберг се наоѓа под истрага откако се дозна дека таа и нејзиното семејство ги прекршиле рестриктивните мерки што земја ги воведе за да се спречи ширењето на коронавирусот.
Солберг го собрала семејството во скијачкиот центар Геило за прославата на нејзиниот 60. роденден на крајот на февруари, со што ги прекршила препораките за избегнување на големи собири.
„Полицијата одлучи да покрене истрага за можно прекршување на правилата за заштита од ковид-19. Судските власти потоа ќе проценат дали има основа за санкции“, соопшти норвешката полиција.
Солберг се извини преку соопштение на Фејсбук.
„Се извинувам што јас и моето семејство ги прекршивме ковид регулативите, што не смееше да се случи. Ние, се разбира, требаше да ги следиме сите препораки, како што јас барав од вас. Направив грешка и затоа сакам да кажам дека ми е жал“, напиша Солберг.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.