Спанаќот е зеленчук кој важи за здрава намирница и важен извор на железо за организамот.
Тој е нискокалорична намирница која може да се јаде во неограничени количини. Единствено поради присуството на оксалната киселина не смеат да го користат луѓето кои имаат проблеми со бубрезите.
Сепак, нутриционистите препорачуваат, спанаќот да не се подготвувате на млеко и да не го комбинирате со млечни производи, а особено не со јајца.
Тоа доаѓа од таму што јајцето ја отежнува ресорпцијата на железото од спанаќот. Исто така, млечните производи општо, не дозволуваат железото да се апсорбира во организмот.
Истовремено, Иако спанаќ може да се најде во текот на целата година, би требало да се избегнува негова консумација надвор од сезоната.
Ова особено се однесува на спанаќот од оранжериите, кој е нутритивно осиромашен, а содржи згоелемена количина хемикалии неопходни за одгледување.
Поради тоа, нутриционистите препорачуваат во есен и во зима да не се консумира во голема мера, туку во неговата свежина да се ужива напролет.