Обвинетиот во „Монструм“ приведен по бегството, го носат во затвор

Полицијата го приведе Агим Исмаиловиќ, еден од обвинетите во случајот „Монструм“, откако денеска судот на барање на обвинителството му одреди мерка притвор.
-Лицето е обезбедено и ќе биде пренесено во КПУ Затвор Скопје, потврдуваат од МВР.
Во случајот „Монструм“, за петкратното убиство на 12 април 2012 година, кога беа убиени лицата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, се обвинети Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Фејзи и Хаки Азири и Сами Љута.
Случајот моментално е во фаза на доказна постапка, откако со одлука на Врховниот суд беше вратен на повторно судење во Кривичен суд Скопје.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.