Јавното државно обвинителство попладнево објави дека до Основниот суд во Кочан е поднесен предлог, со кој се бара на поранешниот министер и државен секретар во Министерството за економија да им се замени мерката „куќен притвор“ во врска со трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани.Обвинителството не прецизира за кој поранешен министер за економија и поранешен државен секретар станува збор.„Во согласност со фазата на постапката и веќе прибавените докази, обвинителството до Основниот суд во Кочани достави предлог за замена на претходно определената мерка притвор со мерка куќен притвор за двајца осомничени – поранешен министер и поранешен државен секретар во Министерството за економија, додека за 18 лица е предложено продолжување на претходно определените мерки притвор и куќен притвор. Судот ќе одлучи по предлозите на обвинителството“, се вели во соопштението.Обвинителството информираше дека завршува сослушувањето на очевидците на настанот и дека интензивно се работи на неколку вештачења.„Испитувањето на осомничените и другите лица се спроведува без отстапувања и во согласност со утврдената динамика. Интензивно се работи на неколку вештачења и се споредуваат податоците од анализата на запленетите електронски уреди“, цитираат од Јавното обвинителство.
Пронајдете не на следниве мрежи:



