четврток, 12 ноември 2026
Најново

Обвинителството доби уште една пријава за фалсификат ТОЕФЛ

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Антикорупциската комисија на денешната седница отфрли пријава која до нив била доставена за наводно фалсификуван ТОЕФЛ сертификат за познавање англиски јазик и истата му ја праќа на Основното јавно обвинителство.

Причината според Антикорупциска е тоа што за да се утврди дали сертификатот е фалсификат или не, потребни се предистражни дејствија и затоа Антикорупциска ќе ја отфрли пријавата и ќе ја достави до ОЈО.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

На седницата на Антикорупциска се разгледуваа повеќе предмети меѓу кои и тој за пратеник во Собранието кој не поднел изјава за тоа каков имот поседува како што налага законот. Нему му бил изречен платен налог за направениот прекршок, кој си го платил. Друг пратеник кој исто така при почнување на мандатот не доставил изјава за имотна состојба и интереси до ДКСК, заработи прекршочен платен налог за прекршување на член 82 став 1 од Законот за спречување корупција и судир на интереси. Но, тој не платил глоба и му тече прекшочна постапка.

Поврзани вести