недела, 15 ноември 2026
Најново

Обвинителството по скандалот со Груби се заплеткува. Сега бара политичарите да се воздржат од реторика што ја нарушува самостојноста на одлучувањето

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Политичките партии и функционерите да се воздржат од јавната реторика со која се нарушува самостојноста на јавните обвинители во одлучувањето – велат од Здружението на јавните обвинители по лавината реакции во јавноста, вклучително и од политичари и функционери, со кои беше искритикувана одлуката на поранешниот прв вицепремиер Артан Груби да му биде одреден куќен наместо ефективен притвор.

„Изминатите денови сведоци сме на неодговорни изјави со кои одредени политичари селектираат и прозиваат поединечни јавни обвинители, коментирајќи ги јавнообвинителските одлуки без воопшто да бидат запознаени со конкретен предмет и доказите. Ова кулминираше во политичките коментари во однос на определена мерка куќен притвор за еден од осомничените во предметот ‘Државна лотарија’“ велат од Здружението додавајќи дека политичарите и функционерите мора да го почитуваат и да не го загрозуваат начелото за поделба на власта и да се воздржат од ваквата реторика.
Оттаму посочуваат дека како Здружение немаат овластување да ги коментираат одлуките на јавните обвинители по конкретни предмети, но имаат право и обврска да ја заштитат самостојноста на обвинителите.
Меѓу низата коментари и критики во врска со враќањето на Груби и одлуката да му биде изречен куќен наместо ефективен притвор, е и вчерашната изјава на министерот за правда Игор Филков, кој ги повика Судскиот совет и Советот на јавни обвинители да свикаат итни седници и да утврдат дали има елементи за одговорност кај јавниот обвинител и кај судијата кој побарал, односно ја изрекол мерката куќен притвор за Груби.

Поврзани вести