Обдукцијата покажа дека од насилна смрт починала и ексхумираната жена од кумановско

Обдукцијата на жената чие тело беше ехумирано поради сомнеж дека е една од жртвите на 25-годишниот сериски убиец во кумановско покажа дека починала од насилна смрт. Според неофицијални информации, нејзиното тело било прегледано од лекар, но нејасно е како не биле забележани траги од насилство и не била побарана обдукција.
Директорот на Судска медицина Александар Станков за Сител изјави дека е утврдено дека смртта била насилна.
–     Сега засега можам да ви кажам дека смртта била насилна меѓутоа Обвинителството за брзо време ќе ги добие сите информации во пишана форма и од ДНК анализите и од обдукцијата и понатами случајот ќе продолжи да го работи Обвинителството, вели Станков.
Идната недела треба да бидат готови и резултатите од ДНК анализите. Земени се примероци од осомничениот кои ќе се споредат со примероците најдени кај двете жртви.
Случајот со убиствата се отвори по убиството на 78-годишната жена од кумановско.

Пронајдете не на следниве мрежи: