Обезбедено 2/3 мнозинство?

Владејачката гарнитура, односно СДСМ и ДУИ неофицијално потврдуваат дека се убедени дека обезбедиле 80 пратеници или 2/3 мнозинство кои ќе гласаат за отворање на Уствот. Премиерот Заев, пак, засега доста воздржан – ништо не се знаело додека не се гласа. Пленарната седница за Уставни измени уште претходно беше презакажана за 15 часот, а дали денес и ќе се гласа никој не сака да се изјасни.
Во исто време пратеник од опозициската ВМРО-ДПМНЕ вели дека сите седат во Клубот на пратениците и го чекаат почетокот на седницата. Но, исто така и дека не верува дека некој од партијата ќе гласа за измените на Уставот предвидени со Договорот од Преспа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.