Обид за атентат на кралицата Елизабета!

ралицата Елизабета Втора била нападната од деветнаесетгодишен млад човек кој вооружен со самострел упаднал во замокот Виндзор за да ја убие кралицата. Полицијата го уапсила младиот човек, кој изјавил дека сака да се одмазди за жртвите кои загинале во Индија во 1919 година.
На видеото до кое дојде таблоидот „The Sun“ се гледа маскиран млад човек со самострел во рацете. Младиот човек успеал да ја прескокне оградата на замокот Виндзор, каде кралицата го прославувала Божиќ. Обезбедувањето го забележало на камера, а полицијата веднаш реагирала. Иако се уште не излегле со официјално соопштение, медиумите пишуваат дека младиот човек на социјалните мрежи ги открил своите намери 24 минути пред упадот во замокот, модифицирајќи го гласот со помош на маската што ја носел.


– Жал ми е за она што го направив и што имам намера да го направам. Ќе се обидам да ја убијам Елизабета, кралицата. Ова е одмазда за сите оние кои загинаа во 1919 година во масакрот во Џалијанвала Баг. Ова е и одмазда за сите оние кои беа тепани, мачени или дискриминирани поради нивната раса. Јас сум индиец. Јас се викам Џасвант Синг Чаил, се викам Дарт Џонс – вели младиот човек на видеото откривајќи го својот идентитет.
По апсењето момчето било префрлено во установа за ментално здравје. Потврдено е и дека во текот на претходната недела им се заканувал на другите членови на кралското семејство.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.