5 обланди
300 г локум
300 г шеќер
300 г мелени ореви
200 мл вода
125 г маргарин
2 лажици оцет
Во тенџере ставете ги шеќерот и водата и варете додека шеќерот не се растопи. Додадете ги локумот исечен на парчиња, оревите, маргаринот и оцетот и мешајте додека смесата не се изедначи. Тргнете од оган и оставете да се подизлади.
Филувајте 4 обланди, ставете ја петтата и притиснете со потежок предмет. Откако обландите ќе се залепат со филот и ќе се изладат исечете ги на парчиња по желба.
Пронајдете не на следниве мрежи:


