Обланди со локум и урми

1 пакување обланди
900 г локум со ореви
600 г урми без семки
200 г суво грозје
100 г сечкани ореви
50 мл рум
Локумот се сечка на поситни парчиња и се става во длабок сад на рингла. Се налева 250 мл вода и се загрева на тивок оган, непрекинато мешајќи. Се додаваат исечканите урми и се продолжува со мешање додека смесата се спои. Се додаваат сувото грозје и оревите, и се става да се излади. Сувото грозје претходно се чисти, се попарува со врела вода со рум и се остава филот да одстои 10 минути.
Секоја обланда се става меѓу две влажни кујнски крпи. Омекнатите обланди се премачкуваат со фил и со крпите се виткаат ролати. Откако ќе се изладат се сечат на парчиња.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.