четврток, 12 ноември 2026
Најново

Времето облачно и студено, попладне и снег

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Денеска времето ќе биде облачно и студено со повремени врнежи, кои во западните делови ќе бидат претежно од снег. Во попладневните часови врнежите ќе преминуваат во снег на повеќето места низ земјава, освен на југоистокот каде ќе бидат претежно од дожд.
Врнежите ќе бидат пообилни во западните и југозападните делови од земјава, каде се очекува да наврнат и над 30 л/м2 воден талог и на повеќе места ќе се формира снежна покривка.
Кон крајот на денот и во скопската котлина врнежите ќе преминуваат во снег и ќе има услови да се формира мала снежна покривка.
Mаксималните дневни температури ќе достигнат од 1 до 10 степени Целзиусови.
Нов влажен бран со пообилни врнежи претежно од дожд ќе има во вторник.

 

Поврзани вести