Овој богат сендвич многу лесно може да стане брза закуска или ручек среде напорен ден.
Ќе ви требаат:
4 кроасани
150 гр димен лосос
4 јајца
2 лажици семе од сусам
свеж босилек
12 до 15 капари
100 гр намаз од сирење
2 лажици крем
1 лажица сецкан млад лук
50 гр путер
сол
пипер
Подготовка:
Исечете го кроасанот. Од сирењето, кремот и младиот лук, направете фин кремаст намачз за да го премачкате кроасанот. Димениот лосос наредете го на намазот. Посипете со пропржен сусам и капери. Стопете го путерот во тава и испржете ги јајцата на окото. Посолете ги и бибер по желба. Ставете ги пржените јајца над сите состојки.