Обожувате КитКет? Може да си го направите дома – потребни ви се само две состојки

Видеорецептот за домашен КитКет стана хит на ТикТок, затоа што за да го подготвите потребни ви се само две состојки.
Рецептот на социјалната мрежа го споделил Австралијанецот Антос (19), а снимката била прегледана над 118 илјади пати.
„Денеска се обидов да направам голем КитКет“, изјавил пред да открие кои состојки му биле потребни за тоа.

Инаку, состојките кои што ќе ви се потребни се само чоколадо и наполитанка.
Тој користел „Cadbury“ чоколадо кое што го растопил и го ставил во калап за колачи, но вие може да користите каква што сакате. Потоа додал слој наполитанки, ставил уште од чоколадото и ја повторувал истата постапка додека не го наполнил калапот.
Потоа големиот КитКат го ставил во замрзнувач до наредното утро.
Пријатно јадење!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.