По бројни студии кои потврдиле дека пржената храна предизвикува гојазност и бројни други физички проблеми, новото истражување потврдило дека има поврзаност на консумирање на пржена храна, а пред сè пржени компирчиња со зголемен ризик од анксиозност и депресија.
Истражувачки тим во Кина открил дека честото консумирање на пржена храна, особено пржени компирчиња, поврзано е со 12 отсто поголем ризик од анксиозност и 7 отсто поголем ризик од депресија отколку кај луѓето кои не јадат пржена храна. Врската била поизразена меѓу младите потрошувачи.
Пржената храна е познат ризик фактор за гојазност, висок крвен притисок и други здравствени последици. Овие резултати го отвораат патот за значително намалување на консумирање на пржена храна за менталното здравје, се наведува во текстот објавен во понеделникот во магазинот „PNAS“.
Меѓутоа, експертите кои ја проучуваат храната изјавиле дека резултатите се прелиминарни и дека нејасно е дали пржената храна предизвикува проблеми во менталното здравје или луѓето кои имаат симптоми на депресија или анксиозност преминале на пржена храна.
Студијата проценила 140.728 луѓе во текот на 11 години. По исклучувањето на учесниците дијагностицирана им била депресија во првите две години, вкупно 8.294 случаи на анксиозност и 12.735 случаи на депресија пронајдена била кај оние кои консумирале пржена храна, додека утврдено било дека особено пржените компирчиња носат 2 отсто поголем ризик од депресија во однос на прженото бело месо.
Студијата исто така открила дека учесниците редовно консумирале повеќе од една порција пржена храна, а истите најчесто биле младите мажи.
„Човековата компонента во оваа студија може да укажува на она што тоа значи – дека поголем внес на пржена храна го зголемува ризикот од анксиозност и депресија“, изјавил д-р Дејвид Катз, специјалист за животна медицина којшто не бил вклучен во студијата.
„Меѓутоа, патот би можел да оди и во друга насока – луѓето со анксиозност и депресија сè почесто да консумираат храна која е пржена заради некое привидно олеснување“, додал докторот, основач на непрофитната иницијатива „True Health Initiative“.