Кошаркарите на Монако ја одбранија титулата шампион на француската ЛНБ лига . Во четвртиот и последен натпревар (3:1) екипата на Кнежевството го совлада Париз со убедливи 115:76.Српскиот тренер Саша Обрадовиќ на овој начин стигна до 10. трофеј во кариерата, а по финалето не можеше да го сокрие ентузијазмот.„Десетти трофеј, ау… Не знам што да кажам. Не бројам трофеи, го сакам секој. И играчите и сега тренерите. Ова нека биде само показател колку сум посветен на кошарката, дека имам значење во оваа работа која неизмерно ја сакам и која ми даде многу од стрес до голема среќа“, изјави Обрадовиќ за Mozzart Sport.Оваа титула играчите ја прославија ставајќи го во џакузи познатиот тренер.„Секогаш некој се повредува на овие прослави, иако јас навистина не морав. Кога ме фатија, се збунив. Само мислев, сега ќе ме истурат со ледена вода, а јас кога влегов во жешкото џакузи, сам воздивнав… Додуша, тогаш си помислив: „Уф, чевлите се скапи, но не е важно. Сите заслужуваме да славиме“, рекол Обрадовиќ.
Our coach got what he deserved – a nice relaxing bath after winning the title 😂🧼 pic.twitter.com/Rlis4BcwWl— AS Monaco Basket EN (@asmonaco_en) June 13, 2024