Објава која станала вирална: “Оваа салата не вреди шест евра!”

Еден турист во текот на посетата на германија многу се налутил кога видел каква салата добил за шест евра, односно за 360 денари.
По прошетката по планините седнал да јаде во еден ресторан на германскиот остров Амрум, сместен во Северното море.
“По планинарењето ова е салатата која добив за шест евра”, напишал под фотографијата од салатата која ја споделил на “Reddit”.


Објавата станала вирална, а повеќето луѓе се согласиле дека салатата не вреди за тие пари.
“Ова не вреди шест евра”, “Може да се направи и попристојна салата од домат и кромид, но тоа бара дополнителен труд”, “Значи, тоа е само домат и кромид? Тоа не е салата, тоа е ставање на работи во чинија”, се само дел од коментарите под фотографијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.