Објавена листа на градови со најмногу туристи во споредба со жителите: Дубровник го освои првото место

Веб-страницата за споредба на изнајмување автомобили DiscoverCars.com создаде ново рангирање кое го споредува бројот на меѓународни туристи со бројот на жители во градовите низ целиот свет. Дубровник е рангиран на прво место како град во светот со најмногу туристи во однос на локалното население.

Дубровник минатата година имал 6,5 милиони меѓународни туристи, во споредба со населението од 40.000. Тоа значи дека минатата година имало 16.250 туристи на 100 локални жители.

На горенаведената страница се наведува дека патниците кои планираат наскоро да го посетат Дубровник треба да размислат за еднодневно патување до полуостровот Пељешац, за да избегаат од толпите и да ги истражат историските градови како Стон и селата како Жуљана.

DiscoverCars.com истакна дека Дубровник спроведува иницијатива наречена „Да го почитуваме градот“, чија цел е да го направи туризмот поодржлив и да управува со пренатрупаноста со цел градот да стане подобро место и за локалното население и за туристите.

На второ место е Рејкјавик, кој минатата година имал 7,4 милиони посетители, а со население од само 140.000 жители, тоа се неверојатни 5.286 туристи на секои 100 локални жители. Туристите можат да го истражат центарот на волшебниот главен град на Исланд, како и да изнајмат автомобил за една недела за 233 евра за да се впуштат во авантури, како што се гледање на северната светлина и уживање во термални бањи во Сината лагуна на полуостровот Рејкјанес.

Венеција е на третото место, со 4.240 меѓународни посетители на секои 100 локални жители. Женева е на четвртото место, со 3.900 посетители на секои 100 локални жители.

Порто се најде на петтото место со седум милиони меѓународни посетители во споредба со население од 250.000, што значи дека имало 2.800 туристи на секои 100 локални жители. Следни на листата се Пукет, Фиренца, Лисабон, Единбург и Атина. 
The post Објавена листа на градови со најмногу туристи во споредба со жителите: Дубровник го освои првото место appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: