ОБЈАВЕНА СЛИКА НА ЖЕНАТА КОЈА ЈА НОСЕЛА БОМБАТА: Имала црн шал околу главата и маскирни панталони

На социјалните мрежи се појави слика од жена која наводно учествувала во денешниот бомбашки напад во Истанбул.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска преку јавна објава соопшти дека првите информации укажуваат дека во нападот учествувала жена, односно дека имала значајна улога во него.

ОБЈАВЕНА СЛИКА НА ЖЕНАТА КОЈА ЈА НОСЕЛА БОМБАТА: Имала црн шал околу главата и маскирни панталони

Според досегашните податоци, во нападот загинале шест лица, а 53 се ранети.

„Сторителите на овој ужасен напад ќе бидат демаскирани. Нека нашето население е безбедно, а сторителите казнети. Обидите да се зароби Турција и да се вовлече турската нација во терор нема да успеат денес или утре како што направија во минатото“, рече Ердоган.

Државната телевизија ТРТ и другите медиуми прикажаа снимки од амбулантни возила и полиција на улицата Истиклал во Истанбул во областа Бејоглу, во најголемиот турски град, која беше преполна со купувачи, туристи и семејства како и обично на крајот на неделата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.