Објавено видео кое е доказ за страшната тортура врз Бритни Спирс: Пејачката од страв морала да замине на турнеја

Поп дивата Бритни Спирс ја шокираше јавноста кога конечно призна што сè се случувало во нејзиниот приватен живот сите овие години.
Во своето обраќање до судот, Бритни Спирс раскажа многу шокантни нешта за тоа како изгледа нејзиниот живот под старателство, а сега се појави и доказ за едно од нејзините тврдења.
Пејачката која од 2008 година нема право да управува со своите пари ниту да носи одлуки за било што во својот живот, вклучувајќи и лекување, завчера пред судот во Лос Анџелес отворено раскажала за тоа како нејзиниот татко Џејми Спирс и „старателскиот тим“ го контролираат секој аспект од нејзиниот живот.


Бритни истакнала дека во 2018 година била принудена да оди на турнејата „Piece of Me“ иако не сакала.
„Беше заканувачки и страшно. Од страв заминав на турнеја“, се обратила пејачката пред судот.
Еден обожавател на Спирс сподели видео на Твитер кое настанало во Атлантик Сити, во текот на споменатата турнеја, а кое покажува дека Бритни, судејќи по сè, морала да настапува во лоша здравствена состојба.
„Тука е многу, многу топло. Мислам дека ќе се онесвестам, болна сум. Всушност имам треска и температура 39 степени“, вели пејачката на видеото како тоа да не е страшно, а потоа го прашала обожавателот кој се качил на сцената како се вика и го продолжила настапот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.