Во согласност со Програмата за објавување и дисеминација на податоците од Пописот на
населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021г,
Државниот завод за статистика, во четвртиот сет ги објави пописните податоците кои се
однесуваат на:

- домаќинствата и семејствата според нивниот состав и големина,
- начинот на снабдувањето со вода за пиење на домаќинствата,
- број на станови според бројот на лица во становите, нивната опременост со инсталации и
помошни простории и - дел од карактеристики на зградите.
Според податоците: - Вкупниот бројот на индивидуалните домаќинства изнесува 598 632, а просечниот број на
членови во домаќинствата изнесува 3.1. - Според бројот на членови во индивидуалните домаќинства, 468 336 лица или 25.5%
живеат во четиричлени домаќинства. - Бројот на лица во самечки домаќинства изнесува 103 237 или 5.6% .
- Бројот на семејства изнесува 538 348.
- Според семејниот состав: 233 570 семејства или најголемо учество од 43.4% имаат
брачните парови со најмалку едно дете под 25 години што живее со нив, 167 556 семејства
или 31.1% се брачни парови без деца, 9 379 семејства или 1.7% се сам татко со најмалку
едно дете под 25 години, а 26 619 семејства или 4.9% се сама мајка со најмалку едно дете
под 25 години. - Според начинот на снабдување на домаќинствата со вода за пиење, 91.4 % користат вода
од јавен водовод, додека 2.14% домаќинства користат флаширана вода за пиење. - Бројот на населените станови изнесува 531 987 или 63.4% од вкупниот број на станови.
- Од вкупно 839 174 станови, 37 409 или 4,5% немаат инсталација за електрична енергија,
34 277 или 4.1% се без водоводна инсталација, а 60 807 или 7.3% немаат систем за
канализација. - Од вкупно 533 659 згради, само 182 274 имаат енергетски ефикасна фасада или 34.2%, а
само 13 142 или 2.5% имат пристап за лица со посебни потреби.
Податоците се објавени во МакСтат базата на податоци, во делот за Попис на населението 2021
на следниот линк:
https://makstat.stat.gov.mk/PXWeb/pxweb/mk/MakStat/MakStat__Popisi__Popis2021



