Оваа жена за малку ќе завршела фатално: „Да задоцнев еден ден сега немаше да бидам жива“

Мајка на пет деца го инфицирала крвотокот по пат на тампон поради што животот ѝ бил загрозен. Грета Зарете од Северна Каролина на почетокот на годината лежела четири дена на интензивна нега поради инфекција која ја добила од тампон во текот на меструалниот циклус.
На Грета ѝ започнал менстроалниот циклус, но и симптоми како оние од грип. Неколку денови потоа притисокот алармантно ѝ се намалил, а симптомите на грипот кулминирале.
Докторите не ја знаеле причината за нејзината ваква состојба.
По бројните испитувања, гинекологот преку земениот вагинален брис дознал дека станува збор за синдром на токсичен шок, сериозна состојба на организмот која е предизвикана од бактериска инфекција.
Организмот на Грета бил во токсичен шок, состојба на сепса во која сопственото тело ги напаѓа органите.


Докторите откриле дека потенцијално опасните бактерии се собирале во крвта на нејзиниот тампон. Потоа влегле во крвотокот низ микроскопските исекотини на ѕидовите од вагината.
Среќа во несреќа било тоа што Грета навреме се јавила на доктор каде што реагирале во вистински момент. Докторите изјавиле дека доколку таа задоцнела еден ден последиците би можеле да бидат фатални.
Токсичниот шок кој ј погодува една од 100.000 жени се случува кога безопасните бактерии – стафилококи или стрептококи, кои живеат на кожата, ќе стигнат до нашиот крвоток и ќе почнат да предизвикуваат токсини. Симптоми за шок се: висока температура, низок притисок, повраќање, конфузија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.