Оваа сезона, плетените чанти не се само за летни комбинации

Плетените чанти беа апсолутен хит минатото лето. Но, многу модни блогерки покажаа дека овие торби можат да го подобрат и вашиот зимски изглед и да го направат пошармантен. Па оваа сезона плетените чанти добија многу облици и дезени и навистина е лесно да ги комбинирате со зимска облека, како големи џемпери и фармерки.
Оваа сезона, плетените торби не се само за летни комбинации


Плетените чанти се идеален моден детаљ кој ја прави обичната комбинација впечатлива. Од класичните плетени корпи, до плетените чанти, изборот е навистина огромен. Чантите украсени со детали од кожа и ткаенина ѝ даваат разигран изглед и на наједноставната комбинација.
Па оваа сезона плетените торби добија многу облици и дезени и навистина е лесно да ги комбинирате со зимска облека како големи џемпери и фармерки.


Доколку сè уште немате плетена чанта, вреди да инвестирате во неа и да го освежите вашиот изглед.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.