Ова беше наводниот љубовник на Кејт! Таа исчезна, а тој трагично почина: Откриени детали од бурниот љубовен живот на бизнисменот (фото)

Наводното исчезнување на британската принцеза Кејт Мидлтон е главна тема во медиумите ширум светот, а сега се споменува и името на човекот кој наводно е љубовник на сопругата на Вилијам. Тоа е  Томас Кингстон, кој наводно бил во емотивна врска и со сестрата на Кејт, но и со поранешната девојка на принцот Вилијам.Нивната врска со Пипа Мидлтон не траеше, но тие останаа пријатели. Тие беа видени заедно на неколку настани, а тој и Габриела беа и на свадбата на Пипа.Наводниот љубовник на принцезата од Велс неодамна почина трагично на 45-годишна возраст, а принцот Вилијам беше меѓу 140-те луѓе на приватната погребна служба.Тој беше успешен бизнисмен и сопруг на Лејди Габриел, блиска роднина на кралот Чарлс и кралицата Елизабета.Томас бил пронајден мртов со повреда на главата. Причината за смртта не е веднаш утврдена, но нема сомнителни околности. Смртта била прогласена за самоубиство, а до неговото тело бил пронајден пиштол.Многу теоретичари на заговор сега тврдат дека тајната љубовна врска со Кејт може да биде причина за нејзиното исчезнување и трагичната смрт на Томас. Се разбира, нема докази за такво нешто.За сето ова време кралското семејство не даде никакви конкретни информации што всушност се случува со Кејт. Наместо тоа, објавена е фотошопирана фотографија на која Кејт Мидлтон позира со своите деца.

Пронајдете не на следниве мрежи: