Рускиот претседател Владимир Путин се огласи по последниот руски напад врз Украина и рече дека тоа е одговор на употребата на американски и британски ракети од Киев за цел на руска територија минатата недела.Претседателот на Русија посочи дека Русија во текот на ноќта ја погоди Украина со 90 проектили и 100 беспилотни летала, како одговор на украинските напади со оружје од Велика Британија и САД минатата недела.Владимир Путин додаде дека Русија избира цели во Украина кои би можеле да вклучуваат центри за одлучување во Киев.„Во моментов, Министерството за одбрана и Генералштабот на руската армија избираат цели за удари на украинска територија. Тие можат да бидат воени објекти, претпријатија од одбранбената индустрија или центри за одлучување во Киев, објекти од национално значење во Русија во Санкт Петербург и Москва“, изјави Владимир Путин.Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја обвини Русија дека ја таргетира енергетската инфраструктура со касетни бомби.„Тоа касетно оружје значително ја отежнува задачата на нашите спасувачи и електроинженери кои треба да ги отстранат последиците од нападот и тоа е одвратна ескалација на руските терористички тактики“, напиша Зеленски на социјалните мрежи по синоќешниот и утринава големиот руски напад на енергетската инфраструктура на земјата.
Пронајдете не на следниве мрежи: