Ова е вилата во која ТОНИ СЕ ЗАБАВУВАЛ СО НОВАТА ДЕВОЈКА – ВРЕДИ МИЛИОНИ 

Тони го купил овој имот кон средината на минатата година, а во него ужива со својата многу помлада девојка.

Сопругот на Драгана Мирковиќ, Тони Бијелиќ со месеци ужива во љубовта со 15 години помладата девојка, а освен во Минхен, парот ужива и во вилата чија вредност се проценува на неколку милиони, која се наоѓа во Хрватска.

Имено, во втората половина на 2023 година, Бијелиќ го пазарил огромниот имот во Опатија, а како што тогаш изјавил, тоа било „нова деловна резиденција“.

Сепак, како што пишува Телеграф, кога останува таму, ужива со својата нова, многу помлада избраничка.

Вилата има базен, се наоѓа на рид, па погледот од неа е и моќен и неверојатен.Да потсетиме, Драгана Мирковиќ и Тони Бијелиќ решија да стават точка на 24-годишниот брак.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.