Ова е најтенкиот гејминг лаптоп на светот

Компанијата “Asus” го претстави најновиот “Zephyrus S” кој што и официјално е најтенкиот гејминг лаптоп на светот.
Како што соопштија од компанијата, на купувачите ќе им бидат понудени два модели на “Zephyrus S” лаптопот.
Првиот ќе чини 2,199 долари и ќе биде опремен со GeForce GTX 1070 Max Q графичка карта, Intel Core i7 процесор од осмата генерација, 16 GB RAM меморија, 512 GB NVMe меморија и 15,6-инчен 114 Hz Full HD екран.


Другата верзија која што ќе чини 2,099 долари ќе биде опремена со GeForce GTX 1060 графичка карта и HDD од 1 TB.
Естетски промени во однос на претходните два модели “Zephyrus” и “Zephyrus M” нема премногу, но сепак најмногу се истакнуваат тенките рабови на екранот, генерално малите димензии на лаптопот и touch pad-от кој што сега е позициониран на десната страна. Куќиштето на лаптопот има премиум изглед со оглед на тоа што сега е изработено од магнезиум, алуминиум и пластика.
За ладењето на оваа моќна машина се грижи подобрениот Active Aerodynamic System кој овозможува подобар проток на воздухот благодарение на добро позиционираните вентилатори со подобрените перки.

Лаптопот доаѓа со новата централна апликација “Armory Crate” која што се користи за подесување на осветлувањето, перформансите и кулерите.
Продажбата на моделот со 1070 графичка карта започнува на 31-ви август, додека послабиот модел ќе биде достапен кон средината на октомври.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.