Ова е плодот што содржи најмногу витамини

Претставува невисокa грмушка која достигнува околу метар во височина. Листовите се широки и силно сечени.
Плодовите се мали собрани во гроздови, и личат на обичното грозје. Плодот е кисел или слатко-кисел и го поседува истиот мирис, како и листовите.
Црната рибизла е најбогата со витамини меѓу сите останати овоштија. Ако човек изеде 50-60 зрна на ден, организмот нема да има потреба од повеќе витамини.
Француското грозје уште како се нарекува, е 4-5 пати побогато со витамини од лимони и јагодите, 10 пати од јаболкото, 20 пати од вишни и 100 пати од грозјето. Содржи најмногу витамин Ц, кој го олеснува варењето.
Од плодовите на црна рибизла се подготвуваат сокови, сирупи, компоти, вино и др.
При преработката на овошјето, витаминот Ц се задржува добро во производите.
Пупките, лисјата и гранките исто така содржат витамини.
Од листовите и гранчињата се прави напивка која се користи при настинки и други слични заболувања.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.