Полицијата и форензичарите сe уште го „чешлаат“ супермаркетот во Мерфелден-Валдорф, Германија, каде маж (48) синоќа брутално ја убил својата поранешна партнерка, а потоа се самоубил.
Убиецот испукал неколку куршуми кон несреќната жена, која работела во супермаркетот како касиерка, а потоа си го одзел животот.
- Три хороскопски знаци на кои Божиќ им е омилен празникЗа некои луѓе Божиќ не е само уште еден датум на календарот,- прочитај повеќе
- Двајца осудени за 27 април побарале помилувањеДел од обвинетите за организирањето на упадот во Собрание кој се случи- прочитај повеќе
- Во падот на авионот во Казахстан преживеаја 32 луѓеНајмалку 32 лица го преживеаја падот на патничкиот авион на Азербејџан ерлајнс- прочитај повеќе
- „Росавијација“ ја објави причината за падот на патничкиот авионФедералната агенција за воздушен транспорт на Руската Федерација, „Росавијација“, издаде официјално соопштение- прочитај повеќе
- Крвав Божик во Германија! Мајка убила две деца на најсреќниот христијански празник, па се обидела да си го одземе животот! Се појавија деталите за хоророт!Страшна трагедија се случила на Божиќ кога мајка (39) од Германија со непознат алат- прочитај повеќе
Сè се случило околу 19 часот и 15 минути, додека продавницата била преполна со муштерии. Според медиумите, жртвата била на касата, а не се знае дали во тој момент послужувала некого или чекала муштерија да пријде.
Кога одекнале истрелите, во продавницата настанал хаос, а очевидци тврдат дека не можеле да го напуштат супермаркетот, бидејќи работниците ги заклучиле вратите.
Полицијата смета дека жената била убиена затоа што нејзиниот поранешен партнер не можел да се помири со раскинувањето.
,,Доказите укажуваат дека зад мотивот се крие неуспешна љубовна врска“, рече државниот обвинител и додаде дека истрагата сè уште е во тек.
Убиената жена и убиецот раскинале пред околу шест месеци, а претходно живееле заедно. Во овој момент сè уште се проверува дали имало пријави за насилство додека биле во врска, како и дали имало некакви наредби за задржување.
Убиецот, како што соопшти обвинителството, немал дозвола за оружје, а телата се испратени на обдукција. На местото на настанот полицијата пронашла неколку чаури, а засега не се знае од кое оружје се пукало.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.