Ова се вежбите со кои за 30 минути може да обликувате совршен задник

Заоблен и цврст задник е сон на секоја жена и желба на секој маж, па не е ни чудно што често главната фитнес задача е да поработите токму на задникот.
Но, заборавете на гломазните справи во теретана и долготрајните тренинзи – постои и пократок пат.
Во прашање се кратки и ефикасни тренинзи кои може да ги изведете и во удобноста на вашиот дом, или каде и да ви падне напамет.

Потребни ви се само неколку минути дневно, но и добра волја, истрајност и решителност да не се откажувате. Доколку овие вежби ги правите помалку од 30 дена, нема да ги добиете посакуваните резултати, затоа еден месец е оптимален временски период.
Нормално, колку повеќе сте истрајни, ефектот ќе биде воочлив и подобар. Во прашање е комбинација од неколку едноставни вежби, кои лесно ќе може да ги изведете без стручна помош.
Сепак, внимание! За овие вежби потребна е одредена кондиција, па најдобро е пред секој почеток да направите неколку вежби за загревање.
За детално објаснување на вежбите и нивно спроведувае, погледнете ја видео снимката.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.