Дехидрацијата може да влијае на различни системи на телото бидејќи водата е неопходна за нивно оптимално функционирање.Очигледно е дека оваа сезона не очекуваат високи температури и неподносливи горештини. Од една страна ова може да значи незаборавно лето, но од друга страна го зголемува ризикот од дехидрација.Кога температурата и влажноста се високи надвор, нашето тело губи вода преку кожата, белите дробови, бубрезите и дигестивниот систем. Дехидрација се јавува кога загубата на течност е поголема од внесувањето.Дехидрацијата може да влијае на различни системи на телото бидејќи водата е неопходна за нивно оптимално функционирање. Еве ги симптомите кои може да укажуваат на дехидрација:ВртоглавицаНамалениот волумен на крв поради губење течност може да предизвика слабост или вртоглавица, објаснува Кели Џонс, спортски диететичар. За овие симптоми може да придонесе и губење на електролити и шеќер во крвта за време на потењето.Надуеност и запекДехидрацијата може да го влоши запекот. Хроничната дехидрација може да предизвика трајни проблеми со запек.ЖедЧувството на жед е сигнал дека веќе сте дехидрирани. Добра идеја е да се хидрирате пред да почувствувате жед, особено ако имате над 65 години.Темна уринаНедостатокот на вода предизвикува потемна, поконцентрирана урина.Анксиозност и промени во расположениетоНедостатокот на течности може да ги зголеми чувствата на намќор и негативност.Намалено потењеДехидрацијата може да ја намали способноста на телото да се пот, што го отежнува регулирањето на температурата.КонфузијаДехидрацијата може да влијае на когнитивните функции, што може да доведе до пад на концентрацијата и координацијата.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.