ЕТЕ МОЖЕЛО, АКО СЕ САКА! Ова се измените – еве до кога ќе важат возачките без „Северна”!

Со 89 гласа ЗА, пратениците ја изгласаа потребата од промени во законот за безбедност во сообраќајот. На итната седница која ја свика претседателот на собранието Јован Митрески прва точка беше потребата од носење на Законот за безбедност во сообраќајот со што важноста на возачките дозволи со старото име на државата ќе биде до 31 декември.

Овој закон сега треба да го помине филтерот на комисијата за одбрана и законодавно-правната комисија. Се очекува овие измени да бидат изгласани денеска после 16:00.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.