За многумина појадокот е омилениот и најважниот оброк во денот. Во зависност од тоа кој е вашиот избор за прв оброк во денот – на празен стомак, такви ќе ви бидат и наредните часови.
Дали ќе бидат исполнети со пад на енергија, глад, „дремење“ или, пак, одлично расположение и ефикасност на работа – зависи од тоа што сте јаделе за појадок.
Кога ќе се спомне појадок, некои веднаш помислуваат на печива кои мирисаат прекрасно, јогурт, сок од портокал, кафе… Не се свесни како некои од овие намирници можат да бидат штетни доколку се консумираат наутро на празен стомак.
Некои од нив може да предизвикаат киселина во желудникот или гастритис, што буквално може да ви го уништи претпладнето, а други може да влијаат на брзиот пораст на нивото на шеќер во крвта и да предизвикаат краток „излив“ на енергија, но и да предизвикаат да веќе околу 11 часот имате неверојатна потреба да си „прилегнете“ поради нагло паѓање на шеќерот во крвта.
Затоа, одберете ја вистинската храна, онаа која ќе ви даде доволно енергија да ве држи до ручек, а воедно ќе ги ублажи и киселините во желудникот.
Топ 5 добри намирници за доручек
Јајца
Претходните истржувања покажале дека јадењето јајца за појадок го намалува вкупниот внес на калории во текот на денот. Едноставно, подолго време нè држат сити, па нема да имаме потреба за грицки, а и за ручек ќе јадеме помалку. Може да се спремат варени или пржени, но за здравје на желудникот, најдобро е да изберете меко варени јајца.
Овесна каша
Доколку појадувате овесна каша , таа ќе формира заштитен слој на желудникот и на тој начин ќе ги заштити ѕидовите на желудникот од зголеменото ниво на киселина. Покрај тоа, порадиивсокатасодржина на влакна може да го стимулира варењето, што е многу корисно наутро.
Мед
Бројни се здравствените придобивки од медот. Познато е дека го подобрува варењето и го зајакнува имунитетот, но не го јадете на целосно празен стомак бидејќи на некои луѓе им е тешко.
Медот манука е одличен избор за здравјето на слузницат на желудникот. Истражувањата ја покажале користа од чаша млака вода во која раствораме една лажичка мед и ја пиеме на празен стомак.
Путер од кикирики или бадеми
Доколку не јадете јајца или млечни производи, можете да го започнете денот со алтернативни извори на протеини: путер од кикирики или бадеми. Богат е со мононезаситени масни кисеелини и е одличен извор на енергија. Намачкајте го на интегрални крекери.
Јаткасти плодови
Јадете неколку ореви наутро, по можност така што ќе ги додадете ситно исечкани во вашата овесна каша.
Оревите во утринскиот оброк го нормализираат pH нивото на желудникот и на тој начин го намалуваат ризикот од чир, а корисни се и за крвните садови и мозокот.