Ова се сите жртви од хеликоптерската несреќа во која загина Коби

Американските медиуми ги објавија имињата и фотографиите на деветмината загинати во хеликоптерската несреќа во која животот го загуби и кошаркарот Коби Брајант.
Иако, официјална потврда од надлежните институции за идентитетот се уште нема поради долгите процедури, јавноста е веќе информирана.


Светот жали, во тага и болка, по Коби Брајант (41), неговата ќерка Џиана (13). Во несреќата животот го загубија бејзбол тренерот Џон Алтобели, неговата сопруга Кери и ќерката

Алиса која заедно со Џиана тренирала во „Мамба академијата“.


Џон и Кери Алтобели
Алиса


Во хеликоптерот била и Кристина Маузер која ги тренирала девојчињата и работела во Академијата. Таа е сопруга и мајка на две деца.


Кристина Маузер
Сара Честер и нејзината ќерка тинејџерка Пејтон исто така загинаа во уривањето на Сикорски S-76.
Сара (десно)и Пејтон (лево)


Деветиот загинат во страшната несреќа е пилотот Ара Зобајан.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.