Ова се тајните на добрите љубовнички

Не можете да очекувате тој да прави сè за вас, како што не може ни тој да очекува сè од вас. Потребно е да најдете златна средина, и двајцата подеднакво да вложувате за и двајцата да бидете задоволни. Па, ако сакате да се покажете во најдобро светло, еве кои се тајните на добрите љубовници.
1. Иницираат секс
Мажите често се жалат дека девојките никогаш не иницираат секс, па токму тоа и може да доведе до проблеми во врската. Ако постојано оставате на него да биде одговорен за започнувањето акција, тој може да почне да размислува дека имате секс само за да го задоволите него.


2. Не осудуваат
Мажите не сакаат кога жените за секоја нова идеја во креветот ги гледаат како чудаци. Тоа не значи дека треба да му ги остварите сите замисли, но наместо да осудувате, треба пристојно да објасните зошто тоа не ви се допаѓа.
3. Не се плашат да кажат „не“
Жените кои се спремни на сè за да ги задоволат партнерите воопшто не се привлечни. Покажете дека имате сопствен став и слободно кажете „не“ ако вам нешто не ви се допаѓа бидејќи така ќе му бидете уште повеќе секси.
4. Сакаат да експериментираат
Спиењето со еден партнер до крајот на животот може да звучи застрашувачки, но покажете дека сте спремни за експериментирање, играње и секојдневни мали промени, и сексот нема шанси да ви здодее.
5. Кажуваат што сакаат
Мажите немаат способност да ги читаат мислите и ако нешто од него очекувате, тогаш јасно и гласно кажете. Вие ќе бидете задоволни, а и нему ќе му се допадне тоа што сте презеле иницијатива.
6. Се сакаат себеси
Секоја жена има проблеми со самодовербата, но креветот не е правилното место за да ги истакнувате своите маани. Ако тој ден не се чувствувате добро, тогаш прескокнете го сексот и обидете се повторно кога ќе бидете самоуверени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.