Ова се цените на вакцините против COVID-19

Цените на вакцините најверојатно ќе се движат од неколку долари до околу 60 американски долари, а најголем проблем ќе биде транспортот и дистрибуцијата на овие вакцини, бидејќи треба да се вакцинира огромен број на луѓе.
AstraZeneca: 3-4 долари за доза
„Оксфордската вакцина“ на AstraZeneca би чинела помеѓу 3 и 4 долари по доза, што е значително пониско од конкурентските вакцини, а се дава во две дози. Грубо, изразено во евра, две дози од оваа вакцина би чинеле максимум околу 10 евра. Вакцината на AstraZeneca, судејќи по сите достапни информации, најверојатно ќе има најниска цена, пишува Voice of America.


Pfizer: 16 долари за доза
Вакцината на Pfizer/BioNTech се проценува дека е малку поскапа и би чинела околу 16 долари, или 19-20 евра за доза. Бидејќи оваа вакцина се дава во две дози во рок од 28 дена, тоа значи дека оваа вакцина би чинела околу 40 евра по лице. Сепак, постои загриженост за оваа вакцина, не заради нејзиниот целосно нов механизам на дејствување, кој се заснова на испорака на генетски код (на информациска РНК) за еден протеин на вирусот, туку затоа што се чува на -70O°C, што е логистички комплицирано.
Novavax: 16 долари за доза
Вакцината против COVID-19 на Novavax се базира на протеинска под-единица, а проценетата цена на една доза од вакцината на оваа американска компанија би била околу 16 американски долари.
Moderna: 37 долари за доза
Цената за доза од вакцината што ја развива американската компанија Moderna е проценето дека ќе чини помеѓу 50 и 60 американски долари. Ова е исто така вакцина базирана на информациска РНК, како она на Pfizer и ваквите вакцини се поскапи за производство. Сепак, Moderna во август соопшти дека горната граница на цената на нивната вакцина ќе биде 37 американски долари за доза, што е под производната цена.
Sinovac: 60 долари за две дози
Кинеската вакцина на компанијата Sinovac Biotech чини околу 60 американски долари за две дози и веќе започна да се продава, со оглед на тоа што доби дозвола во склоп на програмата за одобрување во итни случаи.
Johnson&Johnson/Janssen: 10 евра за доза
Очекуваната цена на вакцината на Johnson&Johnson/Janssen што ја развива компанијата во сопственост на J&J – Janssen Pharmaceutical, ќе биде околу 10 евра за доза. Оваа вакцина е базирана на генетски модифициран аденовирусен вектор, слично на вакцините на AstraZenec и CanSino.
Руска вакцина: 10 долари за две дози
Спутник V, вакцината на Центар Гамалеј, според руските медиуми, ќе чини околу 10 долари за две дози.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.