Секој родител го сака најдоброто за своето дете, а Кристијано Роналдо не е исклучок. Прославениот напаѓач има високи стандарди кога станува збор за нивното воспитување, а акцентот е пред сè на здравиот начин на живот и следењето на строго испланирана исхрана.
Да потсетиме, фудбалерот го доби своето прво дете во 2010 година – синот Кристијано Јуниор, а никогаш не сакаше да го открие идентитетот на мајката, која воопшто не е вмешана во животот на момчето. Во јуни 2017 година Роналдо ги доби близнаците Ева и Матео со помош на сурогат мајка, а во ноември истата година ја доби и ќерката Алана со својата избраничка Џорџина Родригез. Во април 2022 година, Џорџина роди уште еден пар близнаци – момче Анхело и девојче Бела, но за жал момчето почина кратко по раѓањето.
А да видиме како Роналдо и Џорџина ги воспитуваат своите пет деца. Кристијано Роналдо јуниор тренира фудбал неколку часа на ден
Во документарниот филм на Нетфликс „Јас сум Џорџина“ славниот фудбалер истакна колку е важно на децата да им се покажува љубов и благост и дека никогаш нема да ги притисне да направат нешто. Од друга страна, неговиот син тренира по неколку часа на ден, а Роналдо во истиот документарец додаде дека ова момче може да стане одличен фудбалер доколку остане посветен на спортот. Од татко му научил да се тушира со ладна вода и да не јаде брза храна.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.