Овие навидум безопасни симптоми може да укажуваат на дијабетес

Зголемената жед, честа потреба за мокрење, топли бранови, несоница и грчеви во текот на ноќта се сметаат за симптоми на дијабетес.

Исто така, треба да бидете внимателни ако се појават главоболки и нагло се намали телесната тежина.

Иако точната причина за дијабетес тип 1 е непозната, дијабетесот тип 2 често се поврзува со фактори како што се дебелината и недостатокот на физичка активност, иако се вели дека е наследна.Раното препознавање на симптомите на дијабетес овозможува брза медицинска интервенција. Иако не постои лек за дијабетес, достапни се третмани за ублажување на симптомите.

Дијабетесот е хронична болест која се јавува кога телото не може правилно да го регулира нивото на шеќер (гликоза) во крвта. Гликозата е важен извор на енергија за телото, а нивото на гликоза во крвта го контролира хормонот инсулин, кој го произведува панкреасот.

Кај дијабетес, телото или не произведува доволно инсулин или не може ефикасно да го користи инсулинот.

Пронајдете не на следниве мрежи: