Ви се случува ли да не правите многу, а потоа едноставно штом се приберете дома да се чувствувате многу уморни? Се чувствувате ли често уморни без причина, без оглед на тоа што правите? Време е да внесете промени во својот живот.
Немате физичка активност
Телото ја подобрува својата сила и издржливост со помош на физичката активност. Истражувањата покажуваат дека 20 минути дневно се сосема доволни за обновување на енергија и можност да се чувствувате подобро и поодморено.
Не пиете доволно течности
И најлесниот облик на дехидратација придонесува за намалување на енергијата. Затоа, потрудете се да внесувате доволно течности во текот на денот.
Не конзумирате доволно железо
Многу често, ниското ниво на железо е главната причина за постојан замор, но и мала концентрација и нервоза. Вклучете храна која содржи железо, како што е какаото, гравот, јајцата, зелениот зеленчук, спирулината и маслото од кикирики.
Минувате премногу време на телефон
Светлото од телефоните придонесува за замор и постапоност, но и нарушен биоритам.