Овие работи сигурно ги имате дома, а не знаете дека со нив можете да го светнете домот

Нема потреба повеќе да фрлате толку пари на скапите средства за чистење, погледнете дека тие не се секогаш неопходни.
Понекогаш доволни се и некои работи кои веќе ги имате дома и се многу поевтини.
Сода бикарбона
Сода бикарбоната има абразивни својства кои можат да бидат од голема помош во борбата со нечистотијата на металните површини кои бара повеќе стругање. Исто така, можете да ставите малку сода во затнат одвод, а кога ќе додадете и врела вода таа ќе почне сама да работи на одзатнувањето. На крај, може да ја искористите и за чистење на прозорците. Неколку лажичиња сода помешани со малку вода можат многу ефикасно да се изборат со маснотиите и другите нечистотии кои остануваат на стаклото.


Алкохолен оцет
Нема нешто во домот што не можете да го дезинфицирате со алкохолен оцет – од штицата за сечење, преку садовите, па се до ВЦ школката. Мешавина од него и вода во сооднос 1:2 е најевтиниот начин да се справите со маснотиите кои не сакаат да излезат од садовите во кои готвите или бигорот.
Маслиново масло
Маслиновото масло може да ги светне вашата кожа и коса, но и мебелот во домот. Ставете малку од него на крпа и искористете го како замена за скапите хемиски средства. Можете да ги пребришете сите дрвени површини од столиците и комодата, до креветот и паркетот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.