Овие хороскопски знаци не го поднесуваат Денот на вљубените

Една од главните теми во февруари дефинитивно е Денот на вљубените. И додека едни едвај го чекаат, други на самото споменување на овој ден „им се крева косата на глава“.
Се прашувате зошто е тоа така? Астролозите тврдат дека големо влијание на тоа има хороскопот и дека луѓето родени во овие четири знаци едноставно не го поднесуваат Валентајн.
Јарец
Тврдоглавите Јарци воглавно не сакаат кога ќе им се каже дека треба нешто да направат и во такви ситуации обично се инаетат. Бидејќи се многу скржави, не се согласуваат со идејата на Денот на вљубените да ја искажат својата љубов преку скап подарок. Затоа, ако сте во љубовна врска со некој кој е роден во овој знак, не го потсетувајте дека се наближува овој празник, бидејќи сигурно нема да ви купи ништо, но и без тоа не треба да очекувате никаков подарок.


Водолија
Водолиите се родени сонувачи, поради што веројатно би помислиле дека сакаат празници како што е Валентајн. Но, тие често се целосно емотивно исклучени од светот околу себе за Денот на вљубените и воопшто ништо не им паѓа напамет. А во случај да одлучите да ги потсетите дека се наближува овој ден, веројатно ќе им создадете притисок и ќе ги доведете во непријатна ситуација, па дури и ќе предизвикате расправија.
Девица
Девиците се реалистични и со двете нозе стојат цврсто на земјата, па воопшто не ја разбираат идејата на Денот на вљубените и не го сметаат за важен ден. Доколку им предложите размена на подароци за Валентајн, веројатно од нив ќе добиете кисела насмевка и ќе си ја намалите вредноста во нивните очи.
Шкорпија
Иако се романтични и емотивни, кога Шкорпиите се заљубени сакаат својата љубов да ја искажуваат секојдневно и без никаков повод, па идејата за славење на Денот на вљубените дури и помалку ги навредува. Затоа, работи како што се купување подароци за други им создаваат голем притисок и воопшто не уживаат во тоа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.