Овие четири работи покажуваат дека е фантастичен во кревет

Доколку ги препознаете овие четири особини кај вашиот партнер, сметајте го тоа за една од причините за љубовна среќа.
Не е претерано важно дали мажот е опасен “фраер”, за сите момци важи истото. Имено, како што велат, фантастичниот сексуален однос нема врска само со вештините и искуството туку и со карактерот на мажот на кого му го посветувате вашето внимание.
Тој е џентлмен
Ве прашува како ви поминал денот? Ви ја придржува столицата? Се сетил дека сте имале важен состанок на работа и го интересира како сте поминале? Ви ја отвора вратата? Добар е! Бидете сигурни дека нема да ве разочара кога ќе се исклучат светлата.

Ве допира
Луѓето не се допираат само кога ќе ги обземе страста. Доколку тој ве фати за рака додека се шетате или нежно ви го допре грбот кога ве пушта да одите пред него, бидете сигурни дека тој точно знае што прави.
Свесен е дека светот не се врти околу него
За поголемиот дел луѓе, не само мажите, во еден момент во животот престанува да важи правилото дека самите сме си најважни. Да, треба да се сакате себеси, но треба да ви причинува задоволство и да го направите среќен партнерот покрај себе.
Тој никаде не брза
Мажот кој сака сериозна врска и кој ужива во темелно градење на однос со некоја девојка, има на ум дека нема потреба да брза. Тој ќе биде внимателен и трпелив кон партнерката и нема да ја присилува таа да прави нешто за кое не е спремна. Доколку партнерот ви вели дека не му се брза или сугерира да почекате, не го сфаќајте тоа како одбивање.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.