Доколку долго време имате проблеми со варењето, неопходно е да ја промените исхраната и да воведете лесна храна која ќе ги ублажи проблемите поврзани со еден многу важен процес во организмот, како што е варењето.
Житариците или „зрната на цивилизацијата“ како што многумина ги нарекуваат, се основата на човечката исхрана. Важноста на житариците не е само во тоа што се храна која редовно се користи, туку и во тоа што обезбедуваат најголем дел од дневниот внес на енергија.
Освен што се многу здрави, житариците се полни со витамини, минерали и биоактивни материи кои ја обновуваат цревната флора и ја подобруваат работата на дигестивниот тракт.
Во „морето“ житарки издвоивме три кои се мелем за цревата.
- Јачмен
Јачменот содржи скроб, протеини, целулоза, витамини и минерали. Најзастапени се витамините Б, а минералите се калиум, калциум, цинк, фосфор и магнезиум.
При готвење на јачменот се ослободува слуз, кој исклучително благотворно делува на органите за варење. Поради високиот процент на растворливи и сурови растителни влакна, јачменот поволно делува на регулација на холестеролот во крвта, но и на дигестивни проблеми.
- Ориз
Во споредба со другите житарки, оризот има најголема енергетска вредност, па брзо носи енергија и обезбедува подолго чувство на ситост. Поради својата хранлива вредност, тој е исклучително корисен за нервниот систем и варењето. Не содржи глутен и е најмалку алергенска житарка.
Влакната од мембраната на зрното ориз го стимулираат празнењето на цревата. Вклучете интегрален ориз во вашето мени заедно со друга храна богата со растителни влакна и ферментирани млечни производи, за да ја подобрите цревната флора. - Киноа
Ова растение е познато и како мајка на сите житарки. Постојат повеќе од сто видови киноа, но најкористените ширум светот се белата, црвената и црната киноа. Инаку, киноата е псевдожитарка, но нутритивно се третира како цело зрно, што значи дека при подготовката не се отстранува дел од неа.
Киноата е значаен извор на растителни влакна кои имаат корисен ефект врз метаболизмот и варењето.